Две малолетнички, Франческа (16) и Елена (17) загинаа во тешка сообраќајка во неделата, пет минути по полноќ, на патот Пула – Фажанa, додека четворица млади се полесно повредени, соопшти хрватската полиција. Жртвите биле неразделни целиот живот, а за жал, заедно и починаа.
Несреќата се случила кога 18-годишната девојка која била зад воланот на „Цитроен Ксара“ од правецот на Фажанa кон Пула, во кривина поради неприлагодена брзина изгубила контрола врз возилото и поминала во спротивната лента.
Возилото излетало од патот и удрило во стебло. Од силиата на ударот автомобилот се одбил, се изротирал и запрел на патот. Во моментот во возилото имало осум лица, шест девојки и две момчиња. Трите малолетнички од 16 и 17 година како и 15-годишно момче тешко се повредени и задржани во болницата во Пула, а девојката и 17-годишно момче поминале со полесни повреди. Според податоците на полицијата, девојката зад воланот, во моментот на несреќата имала 0,26 промили алкохол во крвта.
-Заедно растеа, одеа во градинка, а потоа и на училиште, и на крајот заедно заминаа во смрт. Беа нераздвојни, како прст и нокт, како вистински сестри. Франческа и Елена ми беа пријателка, имаа само 16 и 17 години, вели нивниот пријател Марин П.