Во пожар во училиште во турската провинција Дијарбакир денеска загинаа шест деца, јави „Анадолија“.
Во несреќата во селото Карадак на југоисток во државата повредени се уште шест ученици.
Причина за пожарот е најверојатно спој во електричната инсталација, додава „Анадолија“ во извештајот.