Две лица се убиени, а едно е тешко рането во пукотница што во средата доцна вечерта се случила во скопското село Грчец.
Според првичните информации, станува збор за вооружен напад врз автомобил, со кој се возеле жртвите.
Повредениот бил однесен во болницата, каде е опериран, но неговата здравствена состојба и натаму е критична.
Извршен бил увид на местото и бил известен јавен обвинител.
Од МВР не даваат информации дали убиените или повредениот се од селото ниту пак од какво оружје е пукано, а нема информации ниту за бројот на напаѓачите.