Доналд Трамп во уверливо водство пред другите републиканци за претседателски кандидат


Американскиот бизнисмен и милијардер Доналд Трамп се наоѓа во уверливо водство пред другите кандидати во трката за номинација на Републиканската партија, за претседателските избори во САД, во ноември, идната година, покажува најновото истражување на Си-Ен-Ен.

Анкетата покажува дека 36 отсто од регистрираните републиканци и поддржувачи на оваа партија, му даваат подршка на Трамп, наспроти другите 14 кандидати.donald tramp

Далеку зад него, како втор, е сенаторот од Тексас Тед Круз, со поддршка од 16 отсто, па пензионираниот невро-хирург Бен Карсон, кој сега е трет и кого го поддржуваат 14 отсто од републиканците.

На четвртата позиција е сенаторот од Флорида, Марко Рубио кој едно време беше главен кандидат за номинацијата, со Џеб Буш, но сега и обајцата се борат за да останат во изборниот процес.

Кај гласачите со диплома од некој колеџ, најпопуларен претедендент е Тед Круз, пред Карсон, Рубио и Трамп за кого би гласале само 18 отсто од „факултетлиите“.

Меѓу гласачите на кои дипломата ништо не им значи. Трамп е уверливо прв, со подршка од 46 отсто. Меѓу овие гласчи, Круз би добил само 12 , а Карсон 11 отсто од гласовите.

Трамп е особено популарен меѓу бизнисмените, но за економските прашања на САД, дури 55 отсто од сите републикански гласачи сметаат дека тој е најкомпетентен.

Меѓу претендентите за номинација кај Демократската партија, уверлива предност има Хилари Клинтон, па доколку состојбата и во двата табори, драстично не се изменат, во ноември идната година, Американците ќе треба да се одлучат меѓу Клинтон и Трамп околу тоа кој ќе го наследи сегашниот претседател Барак Обама.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1