Американската рок ѕвезда Скот Вајланд е пронајден мртов во автобусот со кој патувал на турнеја низ сојузната држава Минесота, јави ТМЗ.
Вајланд се наоѓаше на турнеја со неговиот бенд „Скот Вајланд енд д Вајлдабутс“ и требаше да одржи концерт во салата Медина.
Извор за ТМЗ изјавил дека 48-годишниот Вајланд е пронајден во автобусот синоќа околу 21 часот по локално време.
Полицијата врши увид во автобусот паркиран крај мотел во градот Бломингтон, а телото е пренесено на судска медицина.
Вајланд, кој е поранешен пејач на „Стоун Темпл Пилот“ и „Велвет Риволвер“ со години се бореше со зависност од дрога.