Родители, внимавајте на овие таблети – Сите им ги даваат на своите деца, а треба да се фрлаат во ѓубре!


Прекумерни дози на орална суспензија кои содржат активна состојка на парацетамол, што родителите им ги даваат на децата за да им се намали треската, може да доведе до здравствени проблеми подоцна во животот на децата, предупредуваат британски педијатри.temperatura.jpg-500
Педијатарот и професор по педијатрија на Универзитетскиот колеџ во Лондон, Алистер Сатклиф тврди дека родителите со овој потег често ги изложуваат своите деца на ризик за подоцна во животот да им се развие астма, болест со срцето и бубрезите, или оштетување на црниот дроб, пишува Сандеј тајмс.
Кралската фармацевтска асоцијација (СВР) го дели мислењето со др.Сатклиф и укажува на истите проблеми. Британски фармацевти смета дека родителите треба да бидат едуцирани за тоа што се случува кога на децата им се дава орална суспензија базирана на парацетамол. Подеднакво мислење имаат и членовите на Кралскиот колеџ за Педијатрија и здравје на детето (RCPCH).
Совет за родителите е што помалку да се потпираат на термометри кои често може да бидат непрецизни, туку да посветат поголемо внимание на однесувањето на детето. Првите симптоми на висока температура кај децата се омалаксаност и недостаток на потреба за течност.
Затоа советот од докторите е да им се даваат повеќе течности на децата и да се проверат прецизно инструкциите за дозирање на лекот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1