Кои се најдобро чувани државници во светот? (ВИДЕО)


Претседателите и премиерите се обично најдобро чуваните во секоја држава, а во земјите загрозени од тероризам и воени закани системот на заштита на државниците е дополнително зајакнат. Според ригорозните безбедносни мерки се издвојуваат претседателот на САД Барак Обама, претседателот на Русија Владимир Путин, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и папата Франциско.

– Безбедноста на претседателите, една од омилените филмски теми, всушност е романтизирана верзија на напорната и многу сериозна работа. Она што го гледаме во филмовите, во вестите и весниците е далеку од реалноста, вели професорот на Факултетотот за безбедност, Слободан Анѓелковиќ за Спутник.putin-8-

„Оние кои се највидливи, обезбедувањето кое го гледаме околу претседателот или премиерот е всушност само 5 до7 отсто од луѓето кои деноноќно се грижат за неговата безбедност. Сите останати се дел од невидливата безбедносна подготовка која се состои од противдиверзантска, разузнавачка, но и медицинска заштита која често може да се види во конвојот како придружба на претседателот, секогаш на крајот од колоната оди и брза помош”, вели Анѓелковиќ.

Израелската разузнавачка служба Мосад ужива репутација на една од најдобро организираните тајни служби во светот. За неа се поврзани многу сложени операции кои овозможија Израел да опстане во арапското опкружување. Меѓутоа, дури и во такви сериозни служби се можни пропусти.agenti

Кога Грегорјан Ерсија беше приведен во 2010 поради насилно однесување, а кој беше телохранител на Бенјамин Нетанјаху во времето кога тој беше лидер на опозицијата, се установило дека е илегален имигрант кој живеел во Израел со години под лажен идентитет. Ерсија, како носител на црн појас во карате, прибавил фалсификувани документи и дозвола за носење оружје.

Стручњаците за безбедност велат дека овој случај е преседан, бидејќи за безбедноста на државниците се грижат стотици, а кога станува збор за лидерите на најголемите и најразвиени земји, илјадници луѓе.

Една од најдобро чуваните луѓе на планетата е, секако, претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.

Постојат неколку прстени на неговата безбедност, а се проценува дека за безбедноста на претседателот се грижат дури десет илјади луѓе. Иако за безбедноста на Путин не се знае многу, сосема е извесно дека еден од неговите најблиски соработници е генералот Виктор Золотов. Човекот кого ретко кој би го препознал на улица веќе четиринаесет години го обезбедува претседателот Путин, но и покрај  корпулентноста е тешко успешно да се воочи.putin general telohranitel

Рускиот претседател го запознал во почетокот на деведесеттите години, како еден од телохранителите на тогашниот градоначалник на Санкт Петербург, Анатолиј Собчак. Золотов оттогаш е неговиот спаринг партнер во бокс и џудо. Токму спортската ориентација на рускиот претседател  задава главоболка на неговото обезбедување, вели за Спутник деканката на Факултетот за меѓународна политика и безбедност Виолета Рашковиќ Таловиќ.

„Путин знае често  да исчекори од званичниот протокол. Познато е дека е голем љубител на спортот, особено екстремниот, умее да навлезе длабоко во шума, да плива во диви реки, припитомува тигри, да јава коњи, лови и рибари на Бајкалското езеро. Оттаму е многу интересна изјавата на еден од неговите обезбедувачи, кој рече дека „кога (Путин) е во Миг или во подморница, тогаш ние сме најбезбедни”, вели Рашковиќ  Таловиќ.

Таа додава дека Путин, со соработниците од кабинетот, има обичај на патувањата да ги носи и личниот лекар, масерот и психологот. Бројот и структурата на неговите придружници е строго чувана државна тајна, а енигма е и во кој од двата „Иљушина”, кои полетуваат во интервал од неколку минути, се наоѓа рускиот претседател.

И придружбата на претседателот на САД Барак Обама е добро чувана тајна. Со контроверзите за неговото владеење одат и фантастичните приказни за обезбедувањето. Така на Јутјуб се појави видео кое докажува дека американскиот претседател го чуваат – вонземјани. Нараторот на видеото тврди дека еден припадник на обезбедувањетот на претседателот на Америка всушност е хуманоиден вонземјанин способен да го менува обликот, што видеото и го докажува.avtomobilot-na-obama-02.png

Белата куќа ги отфрли овие тврдења со објаснувајње дека ангажирањето на вонземјани би било прескапо во време кога сите се обидуваат да штедат. На Белата куќа не и беше до шега во април оваа година, кога американската тајна служба го суспендира нејзиниот претпоставен кој го чува шефот на државата и врши други „најделикатни задачи”.  Двајца високи официјални претставници на таа служба беа обвинети дека, под дејство на алкохол, со автомобил поминале низ безбедносните барикади на Белата куќа.

Безбедносните експерти се согласуваат дека, покрај Обама и Путин, најдобро обезбедуван човек на светот е врховниот поглавар на Католичката црква. Ватиканската гарда е основана уште во 1506 година и ја составувале швајцарските војници кои тогаш биле на добар глас како лојални и храбри. Гардата околу папата, во истата формација постои и денес, но нејзината улога е повеќе козметичка.

Папата од носилка прејде во кочија, а потоа и во автомобил. Форд во 1960 произведе серија папамобили, кои изгледаа како лимузини. По претходниците кои се возеле во бели блиндирани џипови, сегашниот папа Франциско, за време на неодамнешната посета на Америка, се возеше во „Фиат 500 Л” од Крагуевац,  за да ја потенцира својата едноставност и одбивањето потрошувачки начин на живот.nov papa

„Папата е поопуштен од неговите претходници, но тој не се прашува многу. Тоа што ние не можеме да го видиме, не значи дека не постои обезбедување. Покрај церемонијалната гарда, папата всушност има многу сериозна безбедносна служба која го придружува, а за која малку се знае”, појаснува Анѓелковиќ.

Овој професор на Факултетот за безбедност вели дека државниците се чуваат и со мерки што на обичните граѓани им изгледаат наивно, но дека тоа се стари и проверени методи, како што се заварување шахти и тргање на контејнери и возила од патот по којшто поминува делегацијата на државници.

Исто така треба да заборавиме на филмската дегустација на претседателскиот ручек бидејќи храната што ја јадат најмоќните и најчувани луѓе во светот денес се тестира во лабораториски услови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1