Турција може да пронајде други доставувачи на енергенси наместо Русија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
– Можно е да бидат пронајдени други доставувачи, рече Ердоган, алудирајќи на Катар и Азербејџан, јави ТАСС.
Ердоган претходно изјавуваше дека Турција е клучниот купувач на нафта и гас од Русија.
Турција увезува 90,5 отсто од нафтата, која и е потребна и 98,5 проценти од природниот гас, што го користи. Русија е главниот доставувач на енергенси за Турција, обезбедувајќи 55 отсто од природниот гас и 30 отсто од нафтата.
Односите меѓу Москва и Анкара се заострија, откако турските военовоздухопловни сили на 24 ноември го собирија рускиот бомбардер Су-24 на небото над Сирија.