Место за министерот Братислав Гашиќ во владата на Србија веќе нема, после скандалозната навреда упатена на новинарка во која тој вели дека „сака кога новинарките лесно клекуваат пред него“. Премиерот на Србија Александар Вучиќ изјави дека разговарал со министерот за одбрана Братислав Гашиќ и заклучил дека скандалозната навреда на новинарката не можат да ја посматраат на ист начин.
-Јас имам ќерка и ако некој такво нешто и каже на ќерка ми, јас не би преживеал- истакнал Вучиќ.
Премиерот на Србија додал дека Гашиќ не бил испровоциран со ништо и дека таквата постапка е апсолутно недопустлива.
-Со ништо не беше испровоциран. Се надевам дека за некоја година ќе може да се врати во јавниот живот. Засега немам никој кој би го заменил- наведува Вучиќ.