Толик Џихадистот им се закани на Путин и Русија во обраќањето со ловџиски нож во рака пред да го обезглави Чеченец Магомед Хасиев. Новиот касап на “Исламска држава”, всушност, се вика Анатолиј Земљанка (28 г.), но си го избрал името Џихадистот Влад, пишува “Дејли мејл” .
Пред обезглавувањето, џихадистот на руски јазик изјавува на адреса на Владимир Путин: “Ти си едно куче. Тука и денес, во оваа благословена земја, започнува битката против Русија. Ќе убиеме деца во името на секое дете кое тука сте го убиле. ”