Таксист обвинет за превоз на мигранти ја доби Македонија во Стразбур


Прилепчанецот Д.А. го доби случајот против Република Македонија воден пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур откако судот утврди дека надлежните неосновано му го зеле такси-возилото откако претходно бил обвинет за превоз на мигранти.

Државјани на Албанија („мигранти„) побарале да ги превезе до село Витолиште, Мариово. Околу четири часот попладне тие биле запрени од страна на полицијата кај местото викано Слива. Мигрантите немале патни исправи. Сите биле лишени од слобода. Патничкото возило на таксистот исто така било одземено.taksi-657x320

Апликантот поднел жалба, тврдејќи дека наредбата за одземање не била заснована на факти. Тој не бил осуден како сторител на било какво кривично дело и судечкиот суд немал право да нареди одземање на неговото возило. Фактот дека јавниот обвинител се откажал од кривичното гонење против него, претставувал потврда дека тој незнаел дека превезува илегални мигранти. Не биле изведени докази кои го докажуваат спротивното. На крајот, тој никогаш не учествувал во криумчарење на мигранти.

На 7 ноември 2007 Апелациониот суд во Битола ја одбил жалбата на апликантот и ја потврдил одлуката за одземање. На 23 јануари 2008 јавниот обвинител го известил апликантот дека не постојат основи за поднесување на барање за заштита на законитоста.

Судот во Стразбур откако ја допуштил жалбата на таксистот одлучил во негова корист односно дека државата треба да му го врати на апликантот, во рок од три месеци од денот на кој пресудата станала правосилна одземеното патничко возило во состојба во која било во времето кога било одземено.

Дека, во случај доколку таквата реституција не е возможна, државата треба да му исплати на апликантот, во рок од истите три месеци, износ од 10,000 EUR (десет илјади евра), на име надомест на материјална штета; дека во секој случај, државата треба да му ги исплати на апликантот, во рок од истите три месеци, следниве износи:

EUR 3,000 (три илјади евра), зголемен за сите даноци кои може да бидат наплатени од апликантот, на име нематеријална штета;

EUR 115 (сто и петнаесет евра), зголемен за сите даноци кои може да бидат наплатени од апликантот, на име трошоци;

Повеќе на – emagazin.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1