100 000 евра кои пливаа по Дунав потекнуваат од Балканот!?


Можно е некои луѓе да ги изгубиле нервите и парите да ги фрлиле во Дунав- пренесе еден неименуван полицаец Австриската полиција трага за сопствениците на 130. 000 евра пронајдени во Дунавevra-voda-720x340

Австриската полиција трага по „сопствениците“ на 130.000 евра најдени во Дунав во близина на Виена, за кои се сомневаат дека потекнуваат од Балканот. Случајните минувачи, кои парите ги нашле при прошетка, би можеле да го добијат целиот износ како награда, доколку се утврди дека парите немаат ни сопственик ни „криминално потекло“.

Парите пливале во водата на реката, што минувачите веднаш го пријавиле во полиција која почнала истрага за да се утврдат чии се парите.Најпрвин се мислело дека станува збор за фалсификати, но било утврдени дека парите се вистински, што ја продлабочило истрагата.

Полицијата се обидува да расветли дали парите имаат некаква поврзаност со кривични дела, и сметаат дека трагата на парите води кон Балканот.

„Можно е некои лица да ги изгубиле нервите и да ги фрлиле парите во Дунав“, изјавил неименуван полицаец. Тој додал и дека претстои долга истрага, бидејќи нема надеж да се утврди од која банка потекнуваат парите.

Во случај да не се утврди дека се дел од плен на кривично дело и не се најде сопственикот, минувачите што ги нашле парите и ја информирале за тоа полицијата би можеле да го добијат целиот износ по една година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1