Американскиот таблоид „OK!„ објави дека принцот Хари, брат на принцот Вилијам и Пипа Мидлтон, сестра на војвотката Кејт три месеца се гледале тајно и дека нивната врска станува сериозна. Магазинот открива интимни детали од нивната афера, вклучувајќи го и тоа како го поминале својот прв состанок и дека меѓу нив постојат симпатии веќе со години.
Хари наводно ја забележал Паипа на венчавката на својот постар брат и нејзината сестра, а тогаш и почнале да флертуваат.
„Во еден момент Кејт отишла да ја провери нејзината шминка и ги пронашла нив двајцата во страсна прегратка. Кејт била многу бесна поради овој инцидент“, изјави изворот на магазинот.
Потоа, Хари со месеци се обидувал да ја освои Пипа, но таа го одбивала за да ја не ја вознемири својата сестра. Потоа двајцата почнале врски со други, но сепак емоциите меѓу нив не исчезнале.
„Меѓу нив отсекогаш постоела сексуална тензија, дури и кога се забавувале со други луѓе“, додава изворот.
Оваа есен и двајцата останале без партнери, а една вечер Пипа се појавила на врата кај Хари во жешки панталончиња и проѕирна маица.
„Хари запалил свеќи и пуштил романтична музика. Пиеле вино и јаделе вечера којашто ја подготвил Хари. Пипа си заминал дури во три часот после полноќ“, пишува магазинот.
После тоа, неколку пати ја минала ноќта кај него, но се труделе никој да не ги забележи. Сепак нивната тајна романса ја открил принцот Вилијам, кога отишол во станот на Хари и ги нашол во компромитирачка поза. На Вилијам не му се допаднало тоа што го видел, но свесен бил дека не може да направи ништо за да го прекине тоа.
Магазинот пишува дека Пипа и Хари имаат искрена емоционална поврзаност и нивната врска станува многу сериозна.