„Ќе го убиев син ми да знаев дека е терорист“


Саид Мухамед Агад изјави дека не би му дозволил на својот син Фуад да и се приклучи на групата која ги организирала нападите во Париз.

-Секако би го убил пред било каква негова помисла да им се приклучи на терористите,  изјави Мухамед Агад.

pariz teroristi4

Дали навистина нешто такво би направил, никогаш нема да се дознае бидејќи Фуад се разнесе со бомба во концертната сала „Батаклан“, во која беа убиени 90 лица.

-Не лажеше, ни рече дека ќе оди на одмор, а замина за Сирија. Не слушнавме ни збор од него наредните три или четири месеци. Стана друга личност, мозокот му беше испран. Никогаш не можев да претпоставам дека нешто вакво може да направи. Полесно ќе се чувствував доколку загинеше таму во Сирија, отколку тука – додаде Саид.

Според неговите зборови, со синот за последен пат се слушнал во август оваа година.

Фуад имал 23 години, роден е во Стразбур, а со братот и група пријатели во 2013 заминал за Сирија.

Сседум напаѓачи и бомбаши самоубијци се убиени во текот на терористичките напади во ноќта на 13 ноември, а досега идентификувани се само четири тела – Агад е петтиот.

Тројца се разнесоа во близина на „Стад де Франс“, меѓу кои и Билал Хадфи (20) кој живеел во Белгија, додека другите две тела се неидентификувани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1