Едно лице е повредено во пожар што избувна во куќа во стариот дел во Велес. Шеесет и двогодишниот маж кој има изгореници, исеченици на главата и труење е задржан на болничко лекување во Општата болница во Велес.
Според СВР Велес во 13:00 часот било пријавено дека пожар избувнал во куќа во стариот дел на градот на улицата „Кирил и Методиј“.
Од Хирушкото одделение при ЈЗУ Општа болница – Велес информираат дека повредениот 62 – годишен маж е вон животна опасност и на кој по приемот во 14 часот и 40 минути веднаш му била укажана прва помош и реанимација.
Тој од пожарот имал изгореници по целото тело и исеченици на главата, како и труење со чад на белите дробови, поради што е задржан на лекување во велешката болница.