Андријана гледала како нејзиниот брат умира: “Господе, не ми го земај братот, тебе не ти треба.”


Андријана Миловановиќ од Србија, за само неколку секунди ја избегнала трагедијата во која животот го загуби нејзиниот постар брат Стефан (24).

Тој загина во сообраќајна несреќа во неделата рано наутро, кога неговиот другар Никола Прокиќ (24) изгубил контрола над воланот.andrijana-fejsbuk-status-640x396

„Бев на две метри од тебе кога тоа се случило, не можев да поверувам на очите тоа што го гледам. Кога ги затварам очите, само таа слика ми стои. Се доближив до местото на несреќата со надеж да помогнам на луѓето кои се во возилото. Ги гледам табличките, знам кој автомобил е тоа. Се доближувам до автомобилот и се молам да не се вие… Некако отворам врата, музиката гласна, твојот другар беше тука некако ја намалувам музиката, го прашав: „ Дали си добро? Кажи ми што ти е? Ме погледна ми се насмеа и ми вели: „Извади ме одовде“. Додека се обидувам да му помогнам, го прашувам каде си ти, а тој: „Стеле јави се, тука е Стеле позади, јави се, Стеле“.  Погледнувам позади, искршено се. Господ го молам да не си ти. Го земам телефонот да те повикам, сигурно си тргнал со друг автомобил. Телефонот ти ѕвони, тука под возилото. Го земам телефонот се прашувам зошто мобилниот е тука кога не си ти… Го прашувам Никола каде си ти? И ми вели: „Тука е тој“, и продолжува да те повикува “Стеле“. Се вклучуваат светлата надвор едно момче пријде, се сеќавам на неговите зборови: „ Боже овде има некој“ Се доближувам и бато тоа си ти… Лицето ти е крваво… Се молам: „ Боже немој те молам да ми го земаш, тебе не ти треба, мене и на мама ни е потребен…Сепак не напушти… Тагата за тебе не може да се преболи, само ќе се навикнам да живеам со таа болка и кинење на парчиња кога некој ќе те спомене… “- напишала сестрата Андријана на Фејсбук.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1