Здружение од Скопје брка духови и растура магии и тоа бесплатно


Имате чудни и необични појави во вашиот дом? Слушате чекори, тропања, гледате сенки и силуети како поминуваат? Се сомневате дека вашиот дом е опседнат од демони или е под дејство на проклетство? Постојано се повторуваат истите појави и ништо не оди на подобро и покрај тоа што вложувате труд, напор, време и финансии? Решение за сите овие проблеми нуди граѓанското здружение со необично име „Опседнати живеалишта“, и тоа без никаков финансиски надомест.

На нивната фејсбук-страница тие велат дека се занимаваат со издигнување на свеста кај луѓето што имаат проблеми со духови, демони и со секакви проклетства и магии.oprema-za-duhovi

Опрема со електромагнетни бранови

– Целта ни е да ја издигнеме свеста дека овие појави постојат, но дека луѓето не треба да се плашат од нив, бидејќи има решение. Доколку некој има таков проблем во куќата или чувствува некое негативно присуство што ги надгледува и следи, ние сакаме да објасниме и да идентификуваме од каде доаѓа сето тоа и преку верата во Бога и начини на ослободување од демони и проклетства, да им покажеме на луѓето како да се ослободат од ропството на Сатаната, кој секојдневно им наметнува страв, грижи и страдања – велат членовите на оваа служба.

Исто така објаснија дека многу луѓе не сакаат да зборуваат за овие работи, бидејќи стравуваат дека другите ќе ги направат будали, иако тие навистина чувствуваат негативни влијанија од опседнатите куќи и живеалишта, вез разлика дали се демони или фрлено проклетство.

„Опседнати живеалишта“ е служба што постои веќе шест години и е составена главно од група граѓани за кои, според нив, вербата во Бога, стабилната молитва и духовната свест се златните куршуми против бркањето демони и растурањето магии.

Целиот текст прочитајте го во електронското издание на весникот „Нова Македонија“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1