Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Ж.Д.(31) заменик командир во ПС ОН Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, Г.Д.(42) и А.М.(34) полициски службеници од ПС ОН Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
На 05.03.2015 година, во 08.00 часот Г.Д. и А.М. извршиле преглед над патничко возило „Форд“ при што констатирале дека било натоварено со бесправно исечена дрвна маса.
За настанот го известиле дежурниот на ПС, а веднаш потоа и заменик командирот кој пристигнал на местото на настанот и наредил да го пуштат лицето затоа што му бил роднина.