Космонаут Леонов: Американците беа на месечината, ама доснимуваа во студио за поголем психолошки ефект


Гледавме – и наши специјалисти, и месечевата група – еден спрема еден, онлајн како се случија стапалата на американските астронаути на Месечината. Тоа го дели пред ТВ канал “Ѕвезда” рускиот пилот-космонаут Алексеј Леонов по повод во последните денови коментари за веродостојноста на сликите од овој незаборавен момент во 1969 година,Човекот кој е двапати херој на СССР појаснува дека некои од кадрите всушност се снимени во студио. Но, тоа беше само за да може “гледачите да видат што се случува од почеток до крај”. Реалните слики почнуваат откако Армстронг ја поврзува специјалната антена за транслација кон Земјата.mesecina-257x200

“Кој би го снимил и пренесол отворањето на подвижниот покрив однадвор, ако на Месечината нема никого”, коментира Леонов зошто било потребно да се додадат студиски снимки.

Видеото со слетувањето на американските астронаути на површината на Месечината предизвика контроверзност со децении. Гласините за фалсификувањето на кадрите тргнуваат откако вдовицата на режисерот Стенли Кјубрик раскажува како претседателот Никсон, инспириран од филмот “2001: Вселенска Одисеја” го молел режисерот да го сними летот на американските астронаути на Месечината.

Пред новинарите госпоѓа Кјубрик вели дословно: “Да, тој навистина работеше на тоа и неуморно работеше кога го снимаше слетувањето на Месечината “.

“Потоа почнуваат коментарите – како се веело американското знаме, под услов дека на Месечината нема ветер. Па знамето беше армирано. Кога го ставија тогаш се разви и создаде впечаток дека е дувнато од ветер”, појаснува легендарниот руски космонаут.

Во 2009 година Алексеј Леонов дава коментар на истата тема пред РИА Новости и вели дека во тоа дека се фабрикувани сликите од Месечината можат да веруваат само “апсолутно неуки луѓе”.

“Да се ​​верува сериозно во тоа дека Американците не биле на месечината, можат само апсолутно неуки луѓе. И, за жал, целата оваа епопеја од божем исфабрикуваните во Холивуд кадри, тргна токму од самите Американци”, забележува Алексеј Леонов.

Со денешниот датум интригата околу автентичноста на сликите со првите чекори на човекот на Месечината повторно се вжешти. Повод за ова стана тврдењето на новинарот Патрик Мјуриел. Тој објави интервју со Стенли Кјубрик, во кое познатиот режисер признава дека слетувањето на Нил Армстронг и Едвин Олдрин било снимено во обично студио на Земјата. Интервјуто со Кјубрик се појавува дури сега, бидејќи новинарот бил принуден да потпише договор од 80 страници, во кој се обврзува да го објави разговорот дури 15 години по смртта на режисерот. Стенли Кјубрик почина во 1999 година.

Повеќе за ова на следниот линк

Режисерот Кјубрик оставил видео признание: Слетувањето на Месечината е лага, снимката е мое ремек-дело!

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1