АГЕНТ НА ЦИА: Најголем кошмар на Ердоган е Курдите да добијат држава, затоа Турција го урива Асад


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не војува во Сирија против Исламската држава, тој се бори против сириската влада поради проблеми со Курдите, рече поранешниот припадник на ЦИА, и извршниот директор на Советот за националниот интерес Филип Џиралди

– Ако Курдите формираат своја држава, тие ќе земат 30 отсто од територијата на Турција – вели Џиралди, додавајќи дека тоа е “ноќна мора на Ердоган.”57925_erdogan_f

Тој посочи дека соборување на руски бомбардер во Сирија е акт на провокација која ја организирале турски високи функционери.

– Сепак, Ердоган не можел да предвиди дали ќе го брани НАТО и Русија ќе преземе одлучни мерки на одмазда. Сега тој се обидува да оди еден чекор назад. Тој вели дека би сакал инцидентот никогаш не се случел. Но, тоа беше токму поради тоа што Ердоган сакаше – рече Џиралди

– Кога станува збор за Турција, постои дилема кај Вашингтон. Политиката на САД во Сирија е невозможна без Турција. На Америка и се потребни базите во Турција за извршување на воздушни напади во Сирија – изјави Џиралди.

Тој посочи дека Вашингтон не направи ништо за да се подобри ситуацијата и дека, за разлика од САД, рускиот претседател Владимир Путин “се чине прави се што е соодветно.”

– Тој е сигурен дека клучот на конфликтот е поддршка за резолуција на стабилни влади во регионот – Сирија и Ирак – изјави Џиралди.

Додаде и дека сите наводи за учеството на Ердоган во трговијата со нафта со ИД, особено она што се однесува за неговиот син Билал, се точни.

– Обвиненијата се точни. Не постои тајна. Сите знаеа и ги видоа камионите и парите, со кои се плаќа нафтата. Инаку, Турција, исто така работеше и со Иран додека беше под санкции. Таа купуваше иранска нафта. Сите операции се контролирани од страна на синот на Ердоган – рече Џиралди.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1