Сé било договорено, парите биле обезбедени, локациите биле избрани и бил потпишан договор со актерите. Но, почетокот на снимањето се одложувал неколку пати.
Поради преголема ангажираност, главниот актер Драгомир Бојаниќ Гидра не можел да одвои ни еден месец за снимање на „Жикина династија“ по што тоа сериозно ја довело во прашање реализацијата не само на „Жикина династија“, туку на целата франшиза „Луди години“.
„Гидра во таа 1985 година сними цели 8 филмови. Не знаеше каде попрво, бидејќи играше и во неколку театарски претстави – раскажуал творецот на „Луди години“, режисерот Зоран Чалиќ.
– Филмот не можеше да биде снимен без него. И затоа бев приморан да го одложувам почетокот на снимањето неколку пати. Кога се договоривме, направивме распоред на снимања а потоа ми се јави Гидра и ми рече дека пак не може. Што можев да направам, освен да им се јавам на другите актери и технички персонал, за да им кажам дека пак одложуваме. После второто одложување, ми се јави пак Марко Тодоровиќ и ми рече дека се откажува од улогата – рекол Чалиќ.
Според сведочењето на Чалиќ, Тодоровиќ рекол дека има и друга работа, и дека во филмот не глуми само Гидра.
– Одморот го планирав порано, и нема да го преместувам. Можете вие и без мене – ги цитирал Чалиќ зборовите на Марко Тодоровиќ.
– Неговата улога беше голема и не доаѓаше предвид да снимаме без Марко. Се обидов да го убедам. На крајот снимивме филм кој доживеа неверојатен успех кај публиката. Гидра ја знаеше целата приказна, и често го подбцнуваше Марко на снимање. Инаку, одлично се согласуваа. Припаѓаа на различни актерски стилови, но на сетот и вон него беа одлична комбинаија – раскажал Чалиќ.
Филмскиот режисер и сценарист Зоран Чалиќ почина во 2014 година. Тој е автор на повеќе од 20 играни филмови, меѓу кои и најпопуларните „Луде године“, „Жикина династија“, „Дошло доба да се љубав проба“ и „Чао инспекторе“.