Британската актерка Мишел Докери, најпознатата како Мери Кроли од хит-серијата „Downton Abbey“ во неделата го загуби човекот на нејзиниот живот.
Нејзиниот свршеник Џон Дајнин (34), финансиски менаџер, почина од ретка врста на рак. Тој го загуби животот само два дена пред роденденот на Докери.
Мишел и Џон беа заедно од 2013 година, а ги запозна актерот Ален Лич, кој го игра шоферот во познатата серија.
Актерката и во серијата го губи својот сакан. За таа улога досега е номинирана три пати за Еми и за Златен глобус.