Непознат хуманитарец го платил кредитот од 500 илјади рубљи што претходно го подигнало семејство од Калининград за лечење на тешко болно осумгодишно дете.
Пред две години лекарите му поставиле дијагноза рак на крвта на осумгодишниот Елисеј Уланд. Родителите на момчето подигнале кредит од 460 илјади рубљи за да платат за трансплантација на коскена срж во Германија.
По година и половина, момчето починало, а ова семејство немало пари за исплата на месечните рати од кредитот и за лекување на мајката на детето која во меѓувреме тешко се разболела.
Во моментот кога се појавила статија во весникот „Страна Калининиград“ за тешката положба во која се нашло семејството на момчето, долгот спрема банката изнесувал 500 илјади рубљи. Во редакцијата на весникот по неколку дена дошла помошничка на еден човек која сакал да го плати кредитот и да остане анонимен.
-Бескрајно сме му благодарни, тоа е шанса да се стабилизира нашиот живот! Тешко ми е да ги искажам емоциите што ги чувствувам преку зборови, вели таткото Рудолф Уланд.
Тој истакна дека многумина се јавувале и пишувале, нуделе помош, а едно семејство понудило дури и кученце од расата „Шпиц“ што починатото дете сакало да го има откако ќе оздрави.
Неговото семејство засега не е во можност да го прими овој подарок, затоа што мајката сѐ уште се чувствува лошо, но штом нејзината здравствена состојба се стабилизира, ќе го земе кученцето за да можат родители барем на тој начин да му ја исполнат желбата на починатото дете, пренесува порталот „Правмир.ру.