ИСПОВЕД НА ПЛАТЕН УБИЕЦ: Моите жртви никогаш не ги пронајдоа!


Дваесетгодишен убиец кој убил 30 луѓе, објаснил, како ги киднапира, мачи и убива луѓето, а потоа нивните тела никогаш не можат да бидат пронајдени.Платениот убиец на нарко картел ја отворил душата за американста агенција АП и објаснил како со своите ненаполнети 30 години направил  да исчезнат исто толку луѓе во должина на Големата плажа (Costa Grande) во Гереро Мексико.ISPOVED-724x400
Нарко егзекуторот тврди дека не жали за ништо и дека го сака тоа што го работи. Дури и тврди дека ако протвничките банди ја преземат контролата, ситуацијата би можела да биде уште полоша, пренесува Скај Њуз.”Многу пати вашето сосеdство, вашиот град, може да биде под инвазија на луѓе за кои мислите дека ќе го повредат вашето семејство, вашето опкружување. Тогаш морате да реагирате, затоашто владата нема да дојде да ви помогне”, вели за АП, убиецот кој својата изјава ја давал скриен под маска и во присутво на еден од своите водачи.
“Морате да реагирате и во овој случај тоа значи личноста  да ја киднапирате од неговата куќа и тоа во часовите кога сите спијат.Потоа тие се превезуваат во сигурни куќи, каде околината не може да го слушне она што следува, натопување на душникот со вода, електрошокови на јазикот, стапалата и тестисите.

Целта се одбира затоашто припаѓа на противничката банда, или им служи како доушник, а целта е да се извлечат корисни информации.

“Кога човекот нешто знае, тоа што нам ни треба во 99 отсто од случаите тоа нам и ќе ни го каже”, вели интервјуираниот.

Кога ќе ги добијат информациите човекот се убива, а телата им се фрлаат во необележан гроб или во океан.

Така завршиле и 19 луѓе  чии тела во вторникот мексиканските власти ги откриле во масовна гробница во Герери. Но, Али, егзекуторот, вели дека неговите тела, никој никогаш не ги нашол.

Од 200 година пријавени се 26. 000 Мексиканци на кои им се губи траг, само од Гереро областа имало 1. 000. Меѓутоа, нивниот број е многу поголем, зошто сите семејства не ги пријавуваат исчезнатите поради стравод последиците. Тоа го потврдува и убиецот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1