Реакција од новинарот на Гардијан: Дел од македонските медиуми го извртеа тоа што го кажа Груевски


Во разговор за МИА, Патрик Кингсли изјави дека од разговорот со премиерот Груевски произлегла стандардната македонска позиција за спорот за името, дека Македонија е подготвена за разговори, но дека на крајот конечниот збор во спорот ќе го имаат македонските граѓани, преку референдум.

Патрик Кингсли, известувачот на весникот Гардијан кој денес објави текст за спорот за името, вели дека текстот бил погрешно пренесен во дел од македонските медиуми, кои го протолкуваа како наводна подготвеност на премиерот Никола Груевски да го смени името.gardijan-640x356

-Разбрав дека во медиумските реакции во Македонија делумно се извртува тоа што премиерот го кажа во разговорот со Гардијан. Премиерот кажа дека Македонија мора да преговара со цел да се постигне компромис. Но, притоа повеќе пати повтори, и тоа е јасно наведено во текстот во Гардијан, дека конечниот збор ќе го имаат граѓаните, на референдум. Рече дека, на крајот, граѓаните ќе одлучат. Тоа е јасно потенцирано во текстот и затоа сум помалку изненаден од реакциите на текстот, бидејќи беше апсолутно јасно дека премиерот не зборуваше за преземање чекор само на неговата иницијатива. Потенцираше дека се што ќе заклучат преговарачите ќе мора да биде потврдено на референдум. Изненаден сум што македонските медиуми го промашија овој момент во неговите ставови, изјави Кингсли.

Поголем број македонски медиуми текстот во Гардијан го пренесоа како наводно менување на позицијата на македонската Влада, во пресрет на средбата на министрите за надворешни работи на двете земји во Грција. На прашањето дали во разговорот премиерот Груевски ја променил македонската позиција во спорот за името, Кингсли вели дека од разговорот било јасно дека Македонија останува на својата позиција, секој евентуален компромис да се потврди на референдум.

-Ставот на премиерот беше крајно разбирлив. Јасно е дека ова е прашање кое влијае на македонските односи со Грција. Јасно е зошто двете страни сакаат да преговараат. Јасно е и дека, по 24 години, двете страни ќе мора да направат компромиси и апсолутно е правилно што премиерот кажа дека конечната одлука ќе биде во рацете на граѓаните, а не во неговите лични раце. Ова ми делуваше сосем разумно, и затоа бев изненаден кога слушнав за медиумската реакција која овој текст ја предизвика, вели Кингсли.

Во текстот за Гардијан се цитираат и неколку можни компромисни имиња како Горна или Нова Македонија. Кингсли вели дека за такво нешто воопшто не разговарал со премиерот Груевски, и дека голем дел од текстот не е базиран на разговорот со него, туку се работи за потсетување на читателите на претходни идеи што циркулирале во јавноста во текот на преговорите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1