Најплатениот српски пејач за новогодишната ноќ ќе биде Горан Бреговиќ кој за настап во Романија ќе заработи дури 120.000 евра.
Музичарот и фронтменот на Оркестарот на 31. декември ќе настапи во Галац Романија, а само за тој еден настап ќе заработи 120.000 евра. Брега ќе свири повеќе од два часа, а домаќините посебно бараа на неговиот репертоар да се најде песната „Калашников“ и „Гас, гас“, како и некои нумери од филмовите кои го прославиле.
Бреговиќ за дочекот на Новата година по јулијанскиот календар ќе настапи во Нови Сад каде што на Плоштадот Слобода на полноќ помеѓу 13 и 14 јануари ќе му се придружи и Мањифико и Оркестарот на војската на Србија. Тој ќе се обиде да го сруши рекордот по посети од 60.000 луѓе, кој лани го постави Светлана Цеца Ражнатовиќ.