Во денешно време не е лесно своето дете да го изведете на прав пат. Вистинските вредности и се она што е позитивно, тоа треба да ги види пред се во своето најблиско опкружување, фамилијата, а потоа и во училиштето.
Но, дека денес веќе ништо не е како што беше порано покажува и случајот на едно дете од Тексас.
Имено, родителите на ученикот од шесто одделение во Државното училиште во Тексас се пожалиле кај раководството поради домашната задача во која се „објаснува“ како да се стане продавач на дрога.
Скот Пик бил многу изненаден кога ја забележал домашната задача кај својот 11-годишен син во која детално се објаснува ланецот на снабдување со кокаин од картелот (производство) до улицата (продажба).
– Приметив дека на една задача кај мојот син со здебелени букви пишува „кокаин“, изјави шокираниот татко и додаде: се чуствував како на мојот син да му даваат дијаграм како да стане дилер.
Во задачата „Продавање кокаин: Од поле до улица“ како што пренесува Russia Today, меѓу останатото пишува:
– Кокаинот е купен за износ од 50.000 долари, но тој многу лесно може да се подели и да се продаде за 87.000 долаи на улица.