Путин на „жешко“ столче поради прашањето за ќерка му – еве што одговорил


Претседателот на Русија Владимир Путин ниту на 11 декемвриската маратонска конференција за медиумите не сакал да ги открие тајните од својот приватен живот. Во третиот час од разговорот со повеќе од 1.300 новинари Путин бил запрашан дали Катарина Тихонова навистина е негова ќерка, за што медиумите објавуваат повеќе пати последните години. Путин, сепак, не дал директен одговор.0612-Russia-tv-putin-interview_full_600

– Никогаш не зборувам за своето семејство. Членовите на моето семејство не се занимаваат ниту со бизнис ниту со политика. Никогаш не живееле во странство, ниту били на школување надвор од земјата. Сепак, тие зборуваат повеќе јазици – рекол Путин.

Агенцијата „Ројтерс“ неодамна објави дека Катарина Владимировна Тихонова, заменичка на проректорот на Московскиот униврзитет и танчарка, е ќерка на Владимир Путин, што Кремљ веднаш демантираше.

Според официјалната верзија, Путин има две ќерки – Марија (30) и Катарина (29) –  од кои ниту една не е јавна личност. И Марија и Катарина живеат во Москва, а според зборовите на самиот Путин, ќерките ги гледа на секои две недели.

Рускиот претседател го држи своето семејство, а и својот приватен живот подалеку од очите на јавноста и, како што пренесуваат медиумите, мал број луѓе знаат како ќерките му изгледаат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1