Приземјен авионот на Ер Франс – имало сомнителен пакет


Авион на Ер Франс што летал од островот Маурициус во Индискиот Океан кон аеродромот Шарл де Гол-Роаси во Париз, во текот на ноќта морал вонредно да слета во Момбаса во Кенија, откако бил откриен сомнителен пакет во авионот, јавува дописникот на МИА од Париз.air france

На летот АФ 463 имало 459 патници и 14 членови на екипажот.

Како што пренесуваат француските медиуми, пилотот на авионот побарал да слета итно, откако бил откриен сомнителен пакет во тоалетот на авионот, за кој се сомневаат дека е бомба.

Експерти за експлозив го анализираат пакетот, а утринава авионот се уште е на аеродромот во Монбаса.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1