Тело на женско лице вчера околу пладне било пронајдено во водите на реката Вардар во близина на Скејт паркот во Скопје.
Полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот и по увидот утврдено било дека се работи за 79 годишната Драгиња Д. од Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.
Телото на жената го пронашол скопјанец кај кого Драгиња подолго време живеела како потстанар. Неофицијално таа неколку пати му рекла дека сака да си го одземе животот.