Повеќе од 30 лица се повредени во Лас Вегас кога автомобил кој го управувала жена влетал во група луѓе кој се наоѓале преку пат од луксузниот хотел „Париз“.
Според првичните податоци, најмалку едно лице го загубило животот, додека четири лица се во критична состојба. Возачот на автомобилот се наоѓа во притвор, а се уште не е познат мотивот за несреќниот настан. Портпаролот на полицијата во Лас Вегас потврдил дека едно лице е загинато како и дека возачот е во притвор, но не прецизирал дали има уште загинати.
Според некои непотврдени информации, зад воланот била жена, а во автомобилот имало и тригодишно дете.
На жената и бил направен алко тест во крвта.
The show must go on pic.twitter.com/G48aD8ITyj
— Kevin Casas (@TheKevinCasas) December 21, 2015
Еден очевидец потврдил дека возачот на автомобилот била жена и дека во возилото имало и дете. Исто така според сведочењето на очевидците жената се противела на апсењето и се обидела да избега.