Бил Козби пуштен на слобода со кауција од милион долари


Американскиот комичар Бил Козби е пуштен на слобода со кауција од милион долари, откако против него беше покренато обвинение за кривично дело сексуален напад, во врска со случај од пред 12 години, и беше издаден налог за апсење во Пенсилванија.17092014160934_kozbi

Полицијата на Козби му зеде отпечатоци пред да биде ослободен, а следното појавување на суд е закажано за 14 јануари.

Комичарот се товари дека дрогирал и силувал жена во својот дом во јануари 2004.

Во последните неколку месеци повеќе од 50 жени го обвинија Козби за сексуален напад.

78 годишниот актер кој беше омилен за американската публика, беше првиот Афроамериканец кој освоил награда Еми.

Тој досега енергично ги негираше обвинувањата и возвраќаше со противтужби, тврдејќи дека жените кои го тужеле извршиле клевета и му нанеле душевна болка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1