Што ќе се гради на местото на бараките на Град Скопје во Градски парк?


Владата ќе одлучи што ќе се гради на местото на бараките на Град Скопје во Градски парк. И за наменета и за катноста, последниот збор ќе го даде Владата, бидејќи проценила дека станува збор за локација од јавен интерес. Ова вчера го појаснија надлежните од Општина Центар кои ги презентираа планираните измени во ДУП-от за реонот од „Илинденска“ до Вардар. grad-skopje

Во ДУП-от, генерално нема некои поголеми измени. Објектот на „Кермес“ ќе си остане во истите граници и габарит, се задржуваат објектите на „Опатија“, „Езерце“, како и објектот и терените на тенискиот клуб „Југ“… На четирите згради на потегот од Влада кон градски стадион, градени во 1947 година, ќе им се дозволи надградба од кат и потпокрив, како и проширување на терасите за 3 метри. По барање на Станбеното претпријатие, кое стопанисува со арената „Филип Втори“, до стадионот е предвиден простор од околу 3.000 квадрати за репортерски возила.

Со предложените измени, предвидени се четири ленти за „Ленинова“, што значи проширување на постојната улица за две ленти, а во план е и проширување на уште една споредна улица. Некои од сегашните еднонасочни улици, пак, предвидено е повторно да станат двонасочни.

ДУП-от е изложен до 26 јануари во просториите на ООУ „Коле Неделковски“ секој работен ден од 8 до 16 часот.

SkopjeInfo.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1