Тешко повреден возач во синоќешната сообраќајка во Аеродром


Вкупно 10 сообраќајни незгоди се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје.

Од увидот на сообраќајната полиција констатирано е дека четири од сообраќајките се со последица материјална штета, а пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак.

фото - Курир.мк

фото – Курир.мк

Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди во 19 часот и 15 минути на крстосницата од ул. „Трета македонска бригада“ бр. 13 и ул. „Трета македонска бригада“ во која учествувале две патнички моторни возила „БМВ“ и „сузуки свивт“, со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје. Во незгодата со повреди се здобил еден возач кој со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентен центар каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.

Во текот вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 22 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, како и пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 78 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1