За да го намалат радикализмот им ги избричиле брадите на 13.000 мажи


Полицијата во Таџикистан им ги избричи минатата година брадите на над 12.800 мажи, бидејќи им биле премногу долги.

– Властите исто така затворија над 160 објекти за продажба на традиционална муслиманска облека- изјави началникот на полицијата во Хатлонската област, Бахром Шарифзод.beards-men-haircut-sitting-1920x1280

Секуларната власт во Таџикистан одамна се обидува да го спречи навлегувањето на радикалниот ислам од соседен Авганистан.

Во септември минатата година таџикистанскиот Врховен суд ја забрани единствената регистрирана исламска политичка партија во земјата – Партија за исламско обновување на Таџикистан, откако Владата ја обвини за радикален исламизам по неколку месеци насилство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1