Само од овој алкохолен пијалaк нема да имате мамурлак


Северна Кореја тврди дека нивен научник открил моќен алкохолен пијалaк од коj потрошувачите немаат последици, па дури ни мамурлак.pijalak-severna-koreja

Според „Пјонгјанг Тајмс“, експерти работеле на ова четири години, а еден од тајните делови на рецептот е тоа што шеќерот во пијалaкoт Koрјо е заменет со состојки од варен и запечен глутенски ориз. Резултатот е тоа дека пијалокот содржи меѓу 30 и 40 отсто алкохол и го ценат многу експерти како и конзументите кои сакаат вакви пијалаци, затоа што е многу вкусен и не предизвикува мамурлак. Заради неговите состојки кои важат за многу здрави, го сметаат за еликсир на животот.

Запечениот глутенски ориз содржи есенцијална аминокиселина, аноргански состојки и витамини кои му помагаат на телото брзо да ги растопи маснотите во телото и заради тоа тој е омилен пијалак на Ким Јонг. Исто така,  пронаоѓачите тврдат дека ја подобрува здравствената состојба, брзо го отсранува заморот, дава сила и отвора апетит.

Koрјо има освоено серија признанија во индустријата на пијалаци и храна во Северна Кореја, како и медал за квалитет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1