Прогноза: Подгответе се за ветер со над 70 км/ч


Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои претпладне ќе бидат застапени во западните делови, меѓутоа до крајот на денот ќе се прошират насекаде. На планините и на некои повисоки места до вечер врнежите ќе поминуваат во снег.oblaci mk 3

Повеќе врнежи се очекуваат во западните и јужните делови особено кон крајот на денот можно е да паднат и до 20 л/м2 воден талог. Попладне и во ноќните часови ќе дува засилен северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/ч., што ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од шест до 15 степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во петок времето ќе биде променливо облачно, ветровито и студено. Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од еден до осум степени.

За време на викендот се очекува стабилно и посвежо време.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1