НОВИ ДЕТАЛИ: Позната причината за тепачката, поднесена прекршочна за Столе Стоилов


Полицијата објави нови детали од завчерашниот инцидент во кој беше повреден македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов.

Според МВР, околу 4 часот, на улицата Костурски херои во пекарницата „Силбо“, додека Стоилов јадел заедно со неговите другари Д.М. и Н.Т., во еден момент му пришле 4 до 5 непознати лица, кои сакале да се сликаат со него.stole-stoilov-povreda-640x366

Кога тој ги одбил, тие почнале вербално да го навредуваат и да му упатуваат погрдни зборови, по што излегле надвор и почнале да ги оштетуваат возилата на Д.М. и Н.Т. Набрзо, Стоилов и другарите излегле надвор да видат што се случува при што тој бил физички нападнат со клоци и тупаници од страна на Т.Г. и другите непознати лица со кои претходно имал вербална расправија.

Од извршениот разговор со инволвираните лица и со сведоците случајот е расчистен, по што полицијата поднесе прекршочна пријава против ракометарот Стоилов и против Т.Г. за сторено дело тепачка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1