Поради прекршување на правилата на однесување во согласност со Дисцилинскиот правилник на клубот, играчите со позиција лево крило Дејан Манасков и пикерот Стојанче Стоилов се казнети со суспензија од две недели.
Двајцата репрезентативци на Македонија и клупски играчи на Ракометниот клуб „Вардад“ во суспензираниот период ќе тренираат во вториот тим на Вардар, а како дополнителна казна клубот реши истовремено да ги казни и финансиски.
Стојанче Стоилов и Дејан Манасков исто така доставија изјави за нивното однесување во врска со настанот во кои биле вмешани, со изјавите било констатирано прекршување на клупската дисциплина, поради што се санкционирани.