Хашим Тачи тврди дека му се заканувал ал-Багдади


Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи изјви дека во 2014 година промил писмо со смртни закани кое било потпишано од челникот на екстремната сунитска организација Исламска држава, поранешниот затвореник во Гвантанамо, Абу Бакр ал-Багдади.hasim-taci-1333901879-147372

Хапим Тачи, кој во тоа време беше косовскиот премиер, изјави за агенцијата AFP дека станува збор за закана којашто водачот на џихадистите во Сирија и Ирак ја упатил нему и на неговото семејство.

„Ми се закануваше (поранешниот српски челник Слободан) Милошевиќ, сега ми се заканува Исламската држава… Со истиот сојузник ја добив борбата против Милошевиќ со кој сега ќе ја добијам против Исламската држава“, вели Тачи очигледно алудирајќи на САД.

Косовските медиуми неодамна објавија содржина од писмо во коешто ал-Багдади наводно о дТачи бара да се откаже од својата политика на приближување на Косово на Западот или ќе се соочи со „голема одмазда“.

Според косовското министерство за внатрешни работи, околу 300 косовски Албанци последните години се приклучиле на џихадистите во Сирија и во Ирак. Од нив педесетина загинале, а околу 120 се вратиле на Косово.

За да го спречат регрутирањето на нови борци за Исламската држава и другите терористички исламистички групи, властите во Приштина во март минатата година донесоа закон со кој се предвидува до 15 години затвор за лицата кои ќе се приклучат на џихадистички групи во странство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1