Родителите на починатата Мис Австрија обвинуваат дека е жртва на член од озогласена секта


Родителите на почината Мис Австрија, Ена Кадиќ која потекнува од Босна и Херцеговина, која на 16 октомври под неразјаснети околности падна од Европскиот мост на ридот Бергизел во Инсбург, Австрија и по три дена почина, побарале од јавниот обвинител да ја истражи улогата на блискиот пријател на Ена во ова трагедија.

Станува збор за мистериозен човек за кој има сомнежи дека имал преголемо влијание врз Ена, а можеби и пресудна улога за нејзината смрт.1ena-kadic

По загинувањето на 26-годишната манекенка, во јавноста се појавија неколку верзии за околностите за оваа трагедија. Во медиумите најчесто се пишуваше дека таа наводно снимала селфи фотографии и дека се слизнала и паднала во провалија.

Нејзините родители кои првобитно тврделе дека нивното дете никогаш не би посегнало по својот живот, сега бараат да се испита таа можност, бидејќи го пронашле прошталното писмо на нивната ќерка.

Писмото е многу конфузно, а родителите тврдат дека содржи елементи на окултизам. Тие се сомневаат дека нивната ќерка е жртва на човек кој бил член на озогласена секта и кој го контролирал целиот нејзин живот.

Нови сомнежи будат и содржината на телефонските разговори на Ена, пред и по паѓањето во провалијата.

Родителите на Ена тврдат дека таа непосредно пред и по падот се слушнала со дотичниот пријател, посебно биле во контакт по падот, додека повредената чекала помош. Тој пријател го повикала пред да им се јави на родителите и на својот брат.

Тој маж полицијата се уште не го испитала и семејството сега бара да биде приведен на разговор.

– Со оглед на тоа што беа премногу блиски и дека знаел што мисли, треба да се испита опцијата за помагање во самоубиство – изјавил адвокатот Херман Холцман.

Тој навел дека Ена секој слободен момент го поминува со таинствен пријател кој дури во една прилика и забранил да пие антибиотик бидејќи била касната од куче.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1