Во интервјуто кое го дала за „Блиц“, фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, се осврнала и на нападите на Воин Ражнатовиќ.
На прашањето зошто синот на нејзиниот покоен сопруг Аркан секојдневно ја напаѓа, Цеца рекла:
– Не знам. Јас него не го мразам. Јас никого не мразам, а тој, колку и да е затруен, има 33 години и мора да одговара за своите постапки и изјави. Жељко да е жив, никој не би ме закачал. Тоа го знаат и тие. Би биле големо среќно семејство- рекла Цеца за „Блиц“.