Американскиот суд прогласи 11-годишно момче за убиство на осумгодишно девојче, откако таа и нејзината сестра не му дале да го види нивното куче.
Судијата Денис Роуч изјави дека момчето е прогласено за виновно за убиство со предумисла и пресуди дека треба да биде под старателство на државата додека не наполни 19 години.
Момчето е во притвор и се проценува каде да биде сместено. Осуденото момче има три браќа и две сестри, кои се сместени кај роднини и во државни институции.
Момчето и жртвата живееле во иста населба на камп-приколки во Тенеси. Злосторството се случи на 3. октомври минатата година. Откако убиеното девојче и нејзината сестра одбиле да му го покажат кучето на момчето, тоа се вратило со два пиштола и пукало во жртвата.
Според судскиот извештај момчето имало обука за безбедно ракување со оружје, а и одело во лов со неговиот татко и дедо.