Ова е наследникот на Владимир Путин: Запознајте го Алексеј Дјумин, идниот лидер на Русија


Аналитичарите очекуваат 63-годишниот Владимир Путин да се кандидира на изборите во 2018-та година, но сметаат дека тоа ќе биде неговиот последен мандат. Се претпоставува дека постои можност некаде кон 2020-та година Путин да му го предаде мандатот токму на Дјумин.

Владимир Путин забрзано го подготвува човекот кој ќе ја води една од најголемите светски сили после него, а неговото име е Алексеј Дјумин.aleksej putin
43-годишниот Дјумин е заменик министер за одбрана кој во Русија има имиџ на херој на војската и е единствениот човек кој поседува харизма која што е слична на онаа на Владимир Путин. Путин оваа седмица му ја довери првата задача на Дјумин на долгиот пат кон превземање на власта во Москва – гувернерското место во регионот Тула.

Истовремено, руските медиуми пишуваат за „херојството“ на Дјумин за време на неговата воена кариера. Дјумин инаку е поранешен телохранител на Путин и негов близок пријател, но и голман во хокејарскиот тим на претседателот на Русија.

Алексеј Дјумин е познат како човек кој успешно ја водеше операцијата за извлекување на Виктор Јанукович од Украина, но и човек кој бил командант на руските специјалци кои ја одиграа клучната улога во заземањето на Крим. Поради тоа, Дјумин доби орден за храброст од Путин и беше промовиран во чин на генерал.djumin-rusija putin

Потоа Дјумин бил поставен за заменик министер за одбрана, веднаш под Сергеј Шојгу. Одлуката на Путин да го распореди во Тула многу аналитичари ја сметаат како подготовка на рускиот претседател на човекот кој планира во иднина да ги превземе сите негови улоги.

Запрашан за добивањето на гувернерското место во Тула, Алексеј Дјумин одговори: „Јас сум војник. Ако татковината ми каже „оди“, јас одговарам со да!“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1