Две мигрантки починале од студ во саботата вечерта на југоистокот на Бугарија, во близина на турската граница, а некои лица кои биле заедно со нив биле хоспитализирани, пренесуваат светските агенции.
„Две жени починаа, една девојка и една нешто постара жена. Нашите граничари ги носеа на раце за да ги згреат, но на крајот двете починаа од студ“, изјавил бугарската министерка за внатрешни работи Румјана Бачварова.
Едната од жртвите имала помеѓу 14 и 16 години, а другата меѓу 30 и 40, се вели во соопштението од бугарското министерство за внатрешни работи.
Жртвите и припаѓале на група од 19 илегални мигранти кои полицијата ги открила во планинското подрачје Малко Трново, прекриено со снег, стои во соопштението. Допрва треба да се открие од кои држави потекнуваат овие мигранти. Преживеаните, меѓу кои има 11 деца на возраст од четири до 16 години, биле хоспитализирано во Бургас, пренесува агенцијата Фокус.