Германија бара бравари, плата до 2.500 евра


Хрватските портали за вработување деновиве објавуваат атрактивни огласи за работа во Германија. Маѓу нив и оглас за вработување на бравари за кои се нуди плата од 1.500 до 2.500 евра месечно. Неделно се работи по 35 часа, платен е патот до Германија и здравствено и пензиско осигурувањеbrava kluc

Во огласот се наведува дека можно и е да се работи и прекувремено за што се плаќа и до 25 отсто повеќе. Доколку се работи за празник или во недела, работниците се платени од 50 до 100 отсто повеќе.

Германските работодавачи ги покриваат и трошоците за превоз до Германија, им плаќаат образование, курсеви по германски јазик, сертификат за завршена работа и даваат други бенефиции.

Во Германија се барат и столари, ѕидари, месари, пекари, стаклари и медицински техничари.

За да се стигне до овие работни места прво треба да се конкурира на огласите и да се стигне на законски начин во оваа земја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1