Судот одлучи: Жалбите на Јанева за притворот се неосновани


Кривичниот совет во Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, доставени против решение на судија на претходна постапка, со кое се одбива предлогот на обвинителството за определување мерка притвор за лицата Е.Т.,М.Ј., М.П. и К.М., донесоа решенија со кои истите се одбиваат.g_osnoven-sud11

– Кривичниот совет составен од тројца судии по секој поединечен предмет по жалба на обвинителството во кој како членови на совет учествуаа сите судии од Одделот за организиран криминал и корупција донесе решение со кое жалбите на обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за лицата Е.Т., М.Ј. М.П., и К.М., се одбиваат како неосновани, а решението на судија на претходна постапка се потврдува, се вели во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Постапувајќи по жалбите поднесени од обвинителството советот почитувајќи го законски предвидениот рок донесе решенија кои во текот на денешниот ден беа писмено изработена и експедирани до странките.

Од Судот додаваат дека против овие решенија не е дозволено право на жалба.

Барањето на СЈО и обвинителката Kатица Јанева за притвор на осумте лица по ниедна точка нема основ. Судијката донесе законито, правично и разумно решение. Ова е ставот на поранешниот јавен обвинител Ставре Џиков, откако Основниот суд Скопје 1 донесе одлука да го одбие барањето на Катица Јанева за одредување на мерка притвор за осум лица осомничени во случајот кој таа го нарече „Титаник“, пренесува Курир.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1