Криминалните шверцерски мрежи минатата година заработиле меѓу 3 и 6 милијарди евра на шверцот на емигранти, соопшти Европол, предупредувајќи дека таа бројка може да се зголеми двојно или дури тројно доколку емигрантската криза продолжи со сегашното темпо.
Роб Вејнрајт директорот на Европол на прес-конференцијата во Хаг, кажа дека оваа година таа бројка најмалку двојно ќе се зголеми, врз основа на тоа што во 2016 во Европа веќе влегле десетици илјади емигранти.
Организацијата поради ова во своите главни задачи го вброила и сузбивањето на шверцот со луѓе, се формира оддел кој на земјите членки ќе им помага во разбивањето на шверцерските мрежи кои заработуваат на најголемата криза во Европа по Втората светска војна.
Европол соопшти дека има информации за речиси 40.000 луѓе за кои се сомнева дека се вмешани во шверцот со емигранти. Осомничените се главно од Бугарија, Ирак, Косово, Пакистан, Полска, Србија, Сирија, Тунис и Турција