По обајвената сторија на Телма за Милорад Георгиевски – човекот на кого судот му изрече казна од 150 евра затоа што нелегално продавал на пазар 15 коприви и 20 марули.
Откако тој кажа дека со пензија од 10.000 денари не може да ја плати казната и дека со копривите успева да си ги плати сметките за комуналии, на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук се појави иницијатива за собирање на пари за да му се помогне на Георгиевски да си ја плати казната.
Денеска од 12 часот во „Лонг плеј кафе“ во ТЦ Бисер и во „Дневен престој“ на Боемска улица ќе се собираат пари за да се плати казната за скопјанецот Милорад Георгиевски кој продавал коприви на пазар.
Иницијативата е објавена на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.
Сторијата за Милорад синоќа ја објави ТВ Телма, по што имаше многу реакции и повици за помош.
Георгиевски бил фатен како продава 15 коприви и 20 марули по што бил казнет со 150 евра.
Дел од загрижените и револтирани граѓани се јавива и на телефонот на Телма и пишуваа. Јавноста со остри критики реагираше на ваквата судска пресуда.