Ослабнувањето на глобалните сили може да доведе до криза каква системот на актуелниот светски поредок не може да го реши, а потоа следи војна, предупредува геополитичкиот експерт Џорџ Фридман.
– Кога државите како Германија, Кина и Русија ослабнуваат и ги заменуваат некои други, тогаш почнуваат системски војни, наведе Фридман за њујоршката интернет-страница „Бизнис инсајдер“.
Тој истакнува дека тогаш нештата стануваат сериозни бидејќи меѓу силите се уште не е воспоставена рамнотежа.
– Кога Германија се обедини во 1871 година се пукна. Јапонија не доживеа напредок на почетокот од 20 век и тогаш настана хаос. И сега на повидок е системска промена. Подгответе се за војна, потенцира Фридман, основач на новата онлајн публикација „Geopolitical Futures“ и разузнавачката корпорација „Стратфор“.
Тој посoчува дека во модерното време секој период на мир е подготовка за насилна пресметка.
– Нема век кој поминал без системска војна, кој подразбира потрес на целокупниот систем… Семето на сопственото уништување го има и денешниот меѓународен систем. Сегашниот светски поредок и понатаму е подложен на кризи на кои системот не е во состојба да ги реши, а една од нив би можела да произлезе од слабеењето на глобалните сили, заклучува Фридман.